Islam Doğru
08 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
ЊУЈОРК
Жена црнкинка е избрана за градоначалничка во град со популација во која 90% се белци во американската сојузна државата Мејн, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дека Далак (53) вчера стана првата црнкинка муслиманка, градоначалничка на Јужен Портланд, мал град на јужниот брег на сојузната држава Мејн.
Останатите советници на градот Јужен Портланд, сите белци, едногласно гласаа за Далак, која дојде во САД во 1992 година по граѓанската војна која изби во Сомалија.
Според „Њу американ лидерс“, група која ги обучува и ги поддржува имигрантите, бегалците и другите различни кандидати за владини позиции, Далак е првата сомалиско-американска градоначалничка на САД.
„Како црнкинка, имигрантка и жена муслиманка, која е очигледно првата црнкинка и прва муслиманка избрана за од Советот на градот Јужен Портланд, градоначалничката Далак претставува сила за позитивни промени во заедницата“, рече групата на Инстаграм.
„Ние сме многу горди што ја имаме во нашата мрежа на новоамерикански избрани функционери и очекуваме дека ќе направи неверојатни работи како градоначалничка на Јужен Портланд“, додадоа тие.
Зборувајќи на церемонијата за инаугурацијата, Далак рече: „Луѓето секогаш ќе имаат одредена доза на сомнеж... но ќе те запознаат, ќе те слушнат и ќе видат кој си преку тоа“.
Изјавувајќи дека одлучила да влезе во политиката за да се бори против исламофобичните политики на поранешниот претседател Доналд Трамп, таа рече дека се надева дека нејзината кандидатура ќе постави пример за останатите малцинства и новите генерации во државата.
Кога таа се кандидираше за изборите на Градскиот совет во 2018 година, луѓето се плашеа да ѝ ја отворат вратата кога таа тропаше да го побара нивниот глас, додавајќи дека некои мислеле дека таа не зборува англиски јазик.
Таа истакна дека се гордее бидејќи поставила пример за идните генерации кои се во слична позиција како што е сега таа.