Ekipa
01 Април 2025•Ажурирај: 02 Април 2025
ВАШИНГТОН (АА) – Илјадници посетители уживаа во раскошната глетка на јапонските цреши во полн сјај околу Тајдал Басен во Вашингтон, Соединетите Американски Држави (САД) јавува Анадолу.
Со доаѓањето на пролетта, традиционалното цутење на црешата го привлече вниманието на локалните жители и туристите, кои се собраа за да го забележат природниот спектакл.
Популарните места за набљудување на дрвјата брзо се исполнија, а семејствата, пријателите и колегите ги искористија првите топли денови за прошетки и фотографии.
Црешовите дрвја, кои се симбол на пријателството меѓу Јапонија и САД, секоја година го бојат главниот град во розова и бела боја, создавајќи неповторлива атмосфера.