Abdullah Aşıran
11 Јануари 2019•Ажурирај: 12 Јануари 2019
РОТЕРДАМ (АА) - Холандскиот суд во Ротердам во судскиот процес на весникот „Сабах“ пресуди дека е легално овој весник, членот на терористичката организација на Фетула Ѓулен (ФЕТО) да го нарекува „предавник“ и „член на терористичка организација“, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот дневен весник „Сабах“ пред две години објави текст во кој членот на терористичката организација ФЕТО и поранешен член на Градскиот совет на Ротердам, Туран Јазир, го споменува во контекст на „предавник“ и „член на терористичка организација“. Овој текст беше причина за судска постапка во судот во Ротердам, а пресудата е донесена во корист на весникот „Сабах“, со образложение дека споменатите термини не претставуваат кршење на законот.
Во пресудата, меѓу останатото се нагласува дека слободата на изразување и слободата на медиумите се темели на човековите права и слободи и весниците можат да користат критички и предупредувачки термини во врска со теми кои се од интерес за општеството, со цел тоа да не остане неинформирано.
Судот, одбраната на Јазир дека нивниот клиент е само инспириран од лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, ја оцени како неадекватна и нагласи дека постојат доволен број докази кои укажуваат на точноста на наводите дека Јазир е член на ФЕТО. Судот нагласи дека највисоките турски правосудни институции ја оквалификувале ФЕТО како терористичка организација, па затоа нема никаква пречка весниците да го користат тој термин.
Адвокатот на весникот „Сабах“, Еждер Ќосе, за АА рече дека ова е првпат еден суд во Европа да ја прогласи за законска употребата на овие термини за ФЕТО.
„Сметаме дека тоа претставува значаен чекор во борбата против ФЕТО“, рече адвокатот Ќосе.