Abdullah Aşıran
28 Август 2022•Ажурирај: 29 Август 2022
РОТЕРДАМ (АА) - Во Холандија животот го загубија шест лица откако камион излета од патот и влета во луѓето кои биле на панаѓур на скарата, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на холандската полиција се наведува дека во синоќешното излетување на камион од патот кај селото Ниу Бејерланд, животот го загубиле најмалку шест лица, а седуммина се повредени, од кои едно потешко.
Според извештајот на полицијата, во населеното место се одржувала голема забава, а камионот влетал во масата луѓе.
Во соопштението се наведува дека причината за несреќата сѐ уште не е јасна, а 46-годишниот шпански возач е приведен, додавајќи дека возачот не бил под дејство на алкохол во моментот на несреќата.