свет

Хезболах собори израелско беспилотно летало во јужниот дел на Либан

Не е прецизирано на кој начин е соборено израелското беспилотно летало

İdiris Okuduci  | 22.04.2024 - Обновена : 26.04.2024
Хезболах собори израелско беспилотно летало во јужниот дел на Либан

БЕЈРУТ (АА) - Движењето Хезболах соопшти дека во Либан е соборено беспилотно летало од типот Хермес-450 на израелската армија, пренесува Анадолу.

Во соопштението Хезболах наведе дека израелско беспилотно летало е соборено во јужниот дел на Либан, во регионот Аиши.

Не е прецизирано на кој начин е соборено израелското беспилотно летало.

Во судирите, кои постојат меѓу израелската армија и Хезболах од 8 октомври 2023 година, загинаа 283 члена на Хезболах, 54 либански цивили, седум израелски цивили и 12 израелски војници.

Тензиите низ Западниот Брег се зголемија откако Израел започна смртоносни напади врз Појасот Газа во кои од 7 октомври загинати се повеќе од 34.000 Палестинци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın