свет

Хаменеј: „Непријателите се обидуваат да создадат раздор“

Хаменеј се осврна на тековните антивладини демонстрации кои се одржуваат во главниот град на Ирак, Багдад, и во некои градови

Muhammet Kurşun  | 07.10.2019 - Обновена : 08.10.2019
Хаменеј: „Непријателите се обидуваат да создадат раздор“

ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот лидер, Али Хаменеј, истакна дека „непријателите“ се обидуваат да создадат раздор меѓу Иран и Ирак, но дека нема да успеат, пренесува Anadolu Agency (AA).

Хаменеј преку својот Твитер профил се осврна на тековните антивладини демонстрации кои се одржуваат во главниот град на Ирак, Багдад, и во некои градови.

Хаменеј, истакнувајќи дека Иран и граѓаните на Ирак се поврзани едни со други и дека оваа врска ќе стане посилна со секој изминат ден, рече: „Непријателите се обидуваат да создадат раздор, но тие нема да успеат во тоа и нивните заговори ќе бидат неефикасни.“

Во Багдад и во јужните градови во Ирак од 1 октомври се одржуваат демонстрации поради „корупцијата, невработеноста и недостатокот на јавни услуги“.

Во демонстрациите од 1 октомври досега загинаа 104 лица, а 6.107 лица се повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın