свет

Хамас предаде тело на израелски заложник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст

– Движењето Хамас предаде тело на израелски заложник на претставници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во Појасот Газа, како дел од договорот за прекин на огнот и размена на затвореници

Aida Cako  | 28.10.2025 - Обновена : 30.10.2025
Хамас предаде тело на израелски заложник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст

СКОПЈЕ (АА) – Движењето Хамас предаде тело на израелски заложник на претставници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во Појасот Газа, како дел од договорот за прекин на огнот и размена на затвореници, јавува Анадолу.

Според извештаите, телото било извлечено од урнатините пред да биде предадено на службениците на МКЦК во јужниот дел на Газа.

Враќањето на телата се одвива според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинската група Хамас, кој стапи на сила на 10 октомври. Договорот се базира врз планот предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.

Договорот за прекин на огнот меѓу палестинската група Хамас и Израел, врз основа на планот предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, стапи на сила на 10 октомври.

Во договорот се предвидува постепено повлекување на израелските сили, меѓусебна размена на затвореници, итен влез на хуманитарна помош и разоружување на Хамас.

Прекинот на огнот стави крај на двегодишната војна во која се убиени повеќе од 68.000 Палестинци, околу 170.000 се повредени и уништен е поголем дел од инфраструктурата на Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.