свет

Хамас: Она што Израел не можеше да го постигне со геноцид, нема да може ни со апсурдни преговори

Членот на политичкото биро на Хамас, Басим Наим, даде писмена изјава во врска со индиректните преговори што се водат во Каиро

Murat Başoğlu, Hacer Çakır  | 12.04.2024 - Обновена : 15.04.2024
Хамас: Она што Израел не можеше да го постигне со геноцид, нема да може ни со апсурдни преговори

ГАЗА (АА) - Хамас соопшти дека она што Израел не можеше да го постигне со напади и геноцид шест месеци не може да го постигне со употреба на виша сила или апсурдни преговори, јавува Анадолу.

Членот на политичкото биро на Хамас, Басим Наим, даде писмена изјава во врска со индиректните преговори што се водат во Каиро, главниот град на Египет, за прекин на огнот и размена на заробениците со Израел.

Наведувајќи дека дел од преговорите во Каиро имаат цел постигнување договор за прекин на огнот, Наим рече: „Така ќе имаме доволно време и безбедност да собереме конечни и поточни податоци за израелските заробеници. Бидејќи тие се држат на различни места од страна на различни групи. Некои од нив загинаа заедно со нашите луѓе и се наоѓаат под урнатините.“

Наим изјави дека „она што Израел не можеше да го постигне со напади и геноцид во последните шест месеци не може да го постигне ни со користење виша сила или апсурдни преговори“.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 33.482 Палестинци, од кои најмалку 14.500 деца и 9.560 жени, а ранети се 76.049 лица.

Под урнатините и покрај патот има уште мртви, но поради попречување на израелските војници, медицинските тимови и службениците за цивилна заштита не можат да стигнат до телата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın