Nour Mahd Ali Abu Aisha,Daniel Gallego
18 Март 2017•Ажурирај: 19 Март 2017
ГАЗА (АА) - Движењето Хамас во Палестина, ова утро го обвини Израел дека со гранатирањето на Појасот на Газа, сака „да доведе до ескалирање тензијата во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Хамас, Хазим Касим објави писмено обраќање во кое наведува дека „Израелските окупаторски сили ќе ги сносат последиците поради продолжувањето на нападите врз Газа”.
Во писмената изјава се наведува дека продолжувањето на нападите од страна на Израел врз Газа претставува доказ на расизам.
„Продолжувањето на нападите од страна на Израел нема да го сопрат маршот на слободата и ослободувањето од окупацијата”, се вели во писменото обраќање.
Израелската армија соопшти дека денеска, во утринските часови била исфрлен проектил од Газа, кој паднал врз празен простор во подрачјето на Ашкелон во Израел, по што израелските топовски единици на границата со Газа, со три проектили гранатирале кула за надзор и контрола на палестинските групи на отпор во подрачјето на Бејт Лахије.
Ниту една палетинска група досега не презема одговорност за проектилот кој падна на израелска територија.