Abdulselam Durdak
18 Март 2017•Ажурирај: 19 Март 2017
ФРАНКФУРТ (АА) – Следбениците на терористичката организација ПКК и покрај забраната од страна на германските власти, маршираа во германскиот град Франкурт со знамиња и постери на кои се наоѓаат фотографиите на лидерот на терористичката организација, Абдулах Оџалан, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на полицијата на Франкфурт се вели дека издале дозвола за одржување марш на две различни локации во центарот на градот, за прослава на празникот Невруз (празникот на пролетта).
Според соопштение, главни пароли на учесниците на маршот ќе бидат „Невруз“, „Слобода за Оџалан“ и „Слобода за Курдистан“.
Германија која ги спречи турските власти да одржат состаноци и митинзи, со нивниот молк кон активностите и минзите на ПКК, покажа дека применува двоен стандард.
Следбениците на терористичката организација кои се собраа на различни места во центарот на Франфурт, маршираа со придружба на полицијата.
Симпатизерите кои во рацете држеа плакати со фотографии на лидерот на терористичката организација ПКК, Абдула Оџалан, како и симболи на организацијата, често пати извикаа пароли против Турција.
Според полициски проценки, во маршот учествувале околу 9.000 лица, поради што некои улици во градот биле затворени за сообраќај од безбедноси причини.
Од друга страна, германската влада го проширил обемот на забраните насочени кон ПКК, кои се во сила од 1993 година.
Според ова, на јавни места повеќе не ќе можат да се користат симболите на ПКК, постери или фотографии на Абдулах Оџалан.
Во изјавата која претходната недела била направена од страна на портпаролот на федералното министерство за внатрешни работи, се вели дека на 2 март сите државни администрации биле известени во врска со направените ажурирања од страна на министерството.
Претседателот на комисијата разгледување на човекови права на Големото народно Собрание на Турција, пратеникот Мустафа Јенероглу, во врска со одлуката имаше изјавено: „Ќе видиме што тоа конкретно значи, бидејќи од 1993 година постои забрана, и со оваа одлука настанува трагикомична ситуација, кога забраната добива форма на уште поголема забрана”.
Од друга страна, Германија која го дозволува сето ова, во последните три дена воведе забрана за одржување на говори на заменик-претседателот на АК партија, Мехди Екер во Хановер, пратеничката на АК партијата од Баликесир, Сема Кирџи во Бремен, пратеничката на АК партијата од Трабзон Ајше Сула Ќошеоглу во Бад Вимфен.