Halit Süleyman
18 Март 2017•Ажурирај: 19 Март 2017
АЛЕПО (АА) - Авиони на режимот на Башар Ал Асад, извршија воздушни напади во подрачјето на Урум ел-Кубра, кое се наоѓа западно од градот Алепо. Во нападите животот го загубија 3 цивили, а 4 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот за цивилна одрана на градот, Неџип Бекур за дописникот на АА изјави дека авиони на режимот извршиле бомбарирање врз населените подрачја на Урум ел-Кубра.
Бекур соопшти дека во нападот животот го загубиле 3 цивили, од кои 2 деца, додека 4-ца се ранети и додаде: „При нападот потполно се уништени 3 куќи. Причинети се оштетувања и врз околните куќи. Режимот продолжува со нападите во регионот”.
Примирјето во сирија меѓу режимот на Асад и опозицијата влезе во сила на 30 декември со гаранции на Русија и Турција.