Elena Trenchevska Chekovikj
06 Август 2025•Ажурирај: 07 Август 2025
Вулканот Килауеа на Хаваи, еден од најактивните вулкани во светот, повторно еруптираше денес, објави Хавајската вулканска опсерваторија, јавува Анадолу.
Ова е негова 30. ерупција од 23 декември 2024 година.
Според Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави (САД), вулканот останува на портокалово ниво на алармантност, што укажува дека во тек е ерупцијата, со потенцијал за зголемена активност.