Ekipa
10 Август 2022•Ажурирај: 11 Август 2022
ПАРИЗ (АА) - Француската полиција утринава на Аеродромот „Роаси-Шарл де Гол“ во Париз, уби маж вооружен со нож, соопшти полицијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Осомничениот кој бил застрелан од полицијата, од здобиените повреди починал на местото на настанот.
Тој е забележан како им се заканува на безбедносните службеници на Терминалот 2 во близина на излезот 2Ф на главниот меѓународен аеродром во Париз. Полицијата го застрелала кога било откриено дека носи нож.
„Покажувајќи присебност, полицијата утринава неутрализира лице кое се заканувало и поседувало нож на Аеродромот „Роаси-Шарл де Гол““, се вели во официјалното соопштение на париската полиција објавено на Твитер.
Не се дадени повеќе детали.