Ata Ufuk Şeker
10 Август 2022•Ажурирај: 11 Август 2022
БРИСЕЛ (АА) - Денеска стапи на сила одлуката на Европската Унија (ЕУ) за забрана за увоз на јаглен од Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со завршувањето на преодниот период, пакетот санкции што земјите од ЕУ го усвоија во април, стапи на сила, а кој вклучува забрана за увоз на јаглен од Русија.
Така, се забранува купување, увоз или трансфер во ЕУ на јаглен и други цврсти фосилни горива со потекло или извезени од Русија, во вредност од 8 милијарди евра годишно.
Првата од енергетските санкции на ЕУ против Русија беше забраната за купување јаглен. Забраната за увоз на нафта од Русија се очекува да стапи на сила во декември.
Русија беше земјата која испорача најмногу јаглен до земјите на ЕУ, околу 25 отсто од нејзиниот извоз на јаглен беше во Европа.
Од друга страна, земјите од ЕУ добија 45 отсто од вкупниот увоз на јаглен и 70 отсто од термичкиот јаглен што се користи за производство на електрична енергија од Русија.
Според податоците на руското Министерство за енергетика, Русија во 2021 година на ЕУ ѝ продаде 48,7 милиони тони јаглен.