Alaattin Doğru
11 Октомври 2022•Ажурирај: 12 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Француската министерка за надворешни работи, Катрин Колона, ја предупреди Белорусија, која се согласи да формира заедничка воена единица со Русија, дека ќе се соочи со санкции доколку се приклучи на војната во Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Поддржувањето на руската војна во Украина ќе резултира со дополнителни санкции“, изјави шефицата на француската дипломатија, Колона, за Франс интер.
Таа истакна дека ова прашање ќе биде на дневен ред на итниот онлајн состанок на земјите од Г7 денеска.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко соопшти дека со Русија е постигнат договор за формирање заедничка воена единица и дека се подготвени да распоредат белоруски војници заедно со руската Армија.