Yusuf Özcan
01 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за внатрешни работи Жерард Коломб потврди дека во северниот дел на земјата ќе отвори два нови бегалски центри, јавува Anadolu Agency (AA).
Наведувајќи дека не сакаат да ги повторат лошите искуства кога е во прашање прифаќањето на бегалците францускиот министер истакна дека ќе отвори два нови бегалски кампови за да ги смести бегалците од бегалскиот камп „ Џунгла“, кој се наоѓа во Кале.
Коломб нагласи дека новите бегалски центри ќе ги отвори во градовите Труаво и Бајел. Тој потсети дека во моментот во бегалскиот камп Џунгла се наоѓаат меѓу 350 и 400 бегалци.
Коломб појасни дека побарал извештај од институциите во врска со наводите за лошото постапување на француската полиција кон бегалците во кампот Џунгла.
Организацијата „Human Rights Watch“ (HRW) минатата недела во извештај наведе дека припадниците на безбедносните сили, без потреба, користеле солзавец врз децата и возрасните во кампот Џунгла.
Околу 600 мигранти живеат во шумата во Кале, која се наоѓа на рутата на бегалците кон Велика Британија. Мигрантите на тоа подрачје немаат храна, покрив над глава, тоалет ниту други основни услови за живот.
Припадниците на безбедносните сили на Франција минатиот ноември преместија илјадници мигранти кои живееја во кампот на други подрачја. Преземени се високи мерки на безбедност за да не дојде до повторно фомирање на ваквиот камп, а локалните власти забранија помагање на бегалците.
Во Франција нема доволно кампови кои мигрантите би можеле да ги користат поради што се принудени да спијат на улиците низ Париз и други големи градови.
Поради лошите санитарни услови од декември е забележана шуга кај 150 мигранти во Париз.