Ekipa
01 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
МЕКСИКО (АА) - На повеќе локации во Мексико пронајдени се 10 тела, меѓу кои и тело на шеф на полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Јавното обвинителство објави дека на периферијата од градот Саламанка пронајден е мртов шефот на полицијата на градот Селаја и член на неговото обезбедување.
Започната е истрага во врска со случајот.
Претставничката на обвинителството на сојузната држава Гванахуато, Лаура Едит Ортега, информираше дека во село во близина на градот Абасоло убиени се 5 членови од исто семејство, 4 во домот и едно надвор од него.
Ортега информираше дека две деца, членови на семејството се живи.
Ортега соопшти дека на друго место во градот пронајдени се уште две тела на млади лица. Во тек е истрага за да се откријат причините за убиствата и дали се тие меѓусебно поврзани.
Официјалните претставици соопштија дека и во градот Ирапуато, кој е дел од истата сојузна држава, има уште едно убиство.