Gülşen Topçu
01 Август 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Илјадници еврејски доселеници во Ерусалим учествуваа на маршот организиран по повод „Тиша Беав“, ден кога евреите го оплакуваат рушењето на Соломоновиот храм, јавува Anadolu Agency (AA).
Маршот помина под заштита на израелската полиција. Како што јавува палестинската новинска агенција „WAFA“, еврејските доселеници првенствено одеа до стариот дел на градот, а по тоа до ѕидот Бурак, изведувајќи верски ритуали.
Израелската полиција затвори одредени улици за да го олесни влезот на евреите во стариот дел на градот. Соломоновиот храм, кој важи за прв храм на евреите во Ерусалим, беше запален и урнат од страна на вавилонскиот крал Небукаднезар во 586. година пред новата ера.
И покрај тврдењата на евреите дека храмот се наоѓал во кругот на комплексот на Ал Акса, со истражувањата кои се спроведени од 1967 година тоа не е докажано.