Enes Canlı
01 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Екстремните еврејски доселеници влегоа во дворот на комплексот Ал Акса во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Управата за вакуфи во Ерусалим, Фирас Дибс, за АА изјави дека десетици еврејски доселеници од утринските часови под заштита на израелската полиција поминале низ вратата „Магарибе“ и влегле во дворот на светиот храм.
Израелската полиција ги зајакна безбедносните мерки во околината на стариот дел на градот во склоп на кој се наоѓа комплексот Ал Акса. Безбедносните мерки се подигнати поради одбележувањето на Тиша Беав, денот кога евреите го оплакуваат рушењето на Соломоновиот храм.
Ерусалим е свето место за муслиманите, евреите и христијаните, а џамијата Ал-Акса претставува трето најсвето место на исламската вера, по Мека и Медина во Саудиска Арабија.