Yusuf Özcan
20 Декември 2018•Ажурирај: 22 Декември 2018
ПАРИЗ (АА) - Француската министерка за европски работи, Натали Лоазо, изјави дека нејзината земја засега ќе остане во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
По одлуката на САД за повлекување од Сирија, конвој од неколку десетици американски камиони веќе започна да ја напушта земјата. Франција, чија војска исто така е присутна во Сирија, смета дека ДЕАШ во оваа земја сѐ уште не е во потполност поразена.
„Ние засега (на воен план) остануваме во Сирија“, изјави министерката Лоазо, во изјава за француската телевизија CNEWS.
Министерката за одбрана, Флоренс Перли, на социјалните мрежи порача дека терористичката организација ДЕАШ е послаба од кога било претходно, дека изгубила 90 отсто од територијата која ја контролирала, и дека повеќе не располага со логистиката која ја имала претходно.
„ДЕАШ не е во потполност избришана и искоренета од картата. Неопходно е оваа терористичка организација да се порази во потполност во воена смисла“, напиша Перли.