Alaattin Doğru
10 Ноември 2021•Ажурирај: 11 Ноември 2021
АНКАРА
Во Франција, едно лице е примено на психијатрија поради неговите зборови за оставка на претседателот Емануел Макрон во емисија во живо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На видеоснимките споделени на социјалните мрежи, Жилиен Бужие, водителот на телевизискиот канал „Франс 2“ (France 2), во емисија во живо се осврнува на епидемиолошката состојба на Ковид-19 во земјата, особено во градот Дипе во регионот Нормандија. Во тој момент, едно лице се доближува до камерата и вика: „Оставка на Макрон, Бенала во затвор!“ [заб. на авт.: Бенала, поранешен телохранител на Макрон кој беше осуден за претепување на демонстрантите].
На снимката се гледа дека Bugier, кој во програмата се вклучуваше однадвор, и покрај слоганот „оставка“, со вознемиреност се обидува да ја продолжи емисијата.
Според информациите во француските медиуми, човекот кој викна: „Макрон, поднеси оставка!“, прво бил приведен од полицијата, а потоа со наредба на Обвинителството е префрлен во оддел за психијатрија.
Се наведува дека лицето кое протестирало е луто на Макрон поради банкротот на неговата компанија во Дипе во 2015 година, кога Макрон беше министер за финансии.
- Реакција од лидерите на опозицијата
Екстремната десничарка Марин ле Пен, лидерка на Партијата за национално единство (РН), на својот профил на Твитер, осврнувајќи се на настанот, напиша: „Неверојатно. Овој режим продолжува да заплашува.“
Жан-Лук Меланшон, лидерот на екстремно левичарското движење „Непокорна Франција“ (LFI), исто така наведе дека одлуката за „присилната психијатрија“ е неприфатлива и дека политиката на неговата политичка ривалка Ле Пен имало влијание врз ова.
- Реакција кон Макрон за тоа дека „не толерира критики“
Покрај тоа што сѐ уште ја нема објавено својата кандидатура, Макрон, кој се подготвува за претседателските избори во 2022 година, критикуван е дека не толерира критики против него и дека преку државните институции се обидува да ги потисне гласовите на опозицијата.
Во септември, демонстрантот кој фрлаше јајца кон Макрон за време на неговата посета на градот Лион на југот на земјата, исто така присилно беше примен во психијатриската служба, по наредба на Обвинителството.
Во градот Тулус, маж кој напишал „Макронавирус“ на транспарент во својата градина, исто така беше приведен од страна на полицијата.