Alaattin Doğru
28 Јуни 2021•Ажурирај: 29 Јуни 2021
ПАРИЗ (АА) - Бројот на гласачи што не излегоа на гласачките места во вториот круг на регионалните и изборите за департманите во Франција изнесува 65,7 отсто, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според проценките на истражувачката агенција „Ипсос-Сопра Стерија“, излезноста во вториот круг на изборите изнесувала 34,3 отсто, а дури 65,7 отсто од регистрираните гласачи не гласале.
Весникот „Фигаро“ (Le Figaro) пишува дека според првичните проценки, во целата земја, десничарските партии, вклучувајќи ја главната опозициска партија на Републиканците (LR), освоија 38,1 отсто од гласовите, левичарските и еколошки партии 34,8 отсто, крајно-десничарската партија Национален собир (RN) 20,2, а владејачката Република во движење (LREM) и Демократско движење (MoDem) останаа на 6,9 отсто.
Во Франција вчера се одржа втор круг од регионалните избори за кои се предвидува дека би можеле да го променат односот на политичките актери што наредната година ќе се натпреваруваат во претседателската трка.