Ekip
23 Април 2017•Ажурирај: 23 Април 2017
ПАРИЗ (AA) - Во Франција денеска се одржува првиот круг од претседателските избори, поради што владата на оваа земја мобилизирала повеќе од 50.000 полицајци и припадници на жандармеријата за да се грижат за безбедноста на околу 70.000 избирачки места, јавува Anadolu Agency (AA).
Владата мобилизираше и 7.000 војници за патролите.
Во изборната трка учествуваат вкупно 11 претседателски кандидати. Доколку ниту еден кандидат не освои натполовично мнозинство, што е речиси извесно, другиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 7. мај и гласачите ќе бираат помеѓу двајца најдобро пласирани кандидати од првиот круг.
Според претходните испитувања на јавното мислење, кандидатката на радикалнодесничарскиот Национален Фронт, Марин Ле Пен, и лидерот на движењето Ел Марче (Напред) имаат најголеми шанси за пласман во вториот круг на изборите, а зад нив се кандидатот на републиканците Францис Филон и кандидатот на радикалната левица Жан Лук-Меленчон.
На претседателските избори во Франција право на глас имаат околу 47 милиони регистирани гласачи. Изборите ќе бидат одржани под високи безбедносни мерки, а гласањето ќе биде извршено на 69.245 места.
Гласачките места се отворени од 8, а ќе бидат затворени во 20 часот по европско време. Се очекува дека официјалните резултати би требале да бидат објавени до 26. април. Победникот на претседателските избори, на 14. мај ќе ја преземе должноста од актуелниот претседател Франсоа Оланд.
Првата анкета на Одакс, која е направена по последниот напад во Париз, во кој загина полицаец, а двајца се се ранети, покажува дека Макрон со 24,5 отсто е на првото место, а Ле Пен со 23 отсто е на второто место.
Според анкетата, Францис Филон и Жан Лук Меленкон имаат по 19 отсто. Претседателските кандидати во текот на предизборната кампања највеќе зборуваа за економските теми но и за конкурентноста.