Ekipa
19 Јануари 2022•Ажурирај: 20 Јануари 2022
АТИНА (АА) - Грција денеска ќе ги пречека првите шест авиони „Рафал“ произведени од компанијата „Дасо“, во воздухопловната база Танагра на церемонија на која ќе присуствува и премиерот Киријакос Мицотакис, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во јануари минатата година Грција нарача 18 авиони. Во септември истата година, додаде уште шест во својата флота.
Авионот кој чини 2,5 милијарди евра треба да полета од Истрес во Франција и ќе слета во воздухопловната база откако ќе прелета над Акропол напладне.
Грција се обидува да го зајакне својот одбранбен капацитет со купување на уште три француски фрегати „Белхара“, кои ќе бидат испорачани во 2025 и 2026 година.
Три милијарди евра од грчката морнарица ќе бидат наменети за набавка на фрегати „Белхара“, а уште 1,5 милијарди евра ќе бидат потрошени за купување на четири корвети.
Потпишан е и договор со Израел за обука на грчки пилоти, а потпишани се и договори за соработка во одбраната со Обединетите Арапски Емирати и САД.
Годишниот буџет за одбрана на Грција во 2021 година достигна 5,5 милијарди евра, што е зголемување за 41 отсто во споредба со 2020 година.