Seda Sevencan
27 Јануари 2022•Ажурирај: 28 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Советниците на лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина денеска изјавија дека за две недели ќе се состанат во германскиот град Берлин за нови разговори во врска со кризата во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението издадено од Елисејската палата, советниците на лидерите на земјите од Нормандискиот формат (N4), вчера се сретнале во Париз со учество на претставници на министерствата за надворешни работи.
Во соопштението се вели дека советниците потврдиле дека „Договорите од Минск се основата на работата на Нормандискиот формат и се посветени на намалување на сегашните несогласувања за патот кон напредок“.
„Тие го поддржуваат безусловното почитување на прекинот на огнот и целосното почитување на мерките за зајакнување на прекинот на огнот од 22 јули 2020 година, без оглед на разликите за другите прашања од спроведувањето на Договорите од Минск“, се вели во соопштението.
„Разговараа за важноста на Трилатералната контакт група (TCG) и нејзините работни групи да ја интензивираат својата работа со цел брз напредок во имплементацијата на Договорите од Минск“, се вели во соопштението.