Dmitri Chirciu
27 Јануари 2022•Ажурирај: 27 Јануари 2022
КИЕВ (АА) - Украински војник уби 5 свои колеги војници во областа Днепар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Украина, војник од украинската Национална гарда отворил оган врз своите колеги војници кои чувале стража во државната фабрика „Јужмаш“ во регионот Днепар, која произведува проектили и вселенска технологија.
Како последица на инцидентот, животот го загубија 5 војници, а 5 се повредени.
Се наведува дека војникот кој го извршил нападот, избегал од местото заедно со оружјето.
Исто така, се додава дека полицијата започнала акција во регионот за приведување на војникот.