Esra Taşkın
06 Април 2024•Ажурирај: 08 Април 2024
ПАРИЗ (АА) - Опозициските парламентарци во Франција побара претседателот Емануел Макрон да ја запре целата продажба на оружје на Израел, известува Анадолу.
Матилда Пано, заменик претседател на Парламентарната група на опозициската партија Непокорена Франција, на социјалната мрежа Х сподели заедничко писмо кое 115 опозициски парламентарци му го пратиле на Макрон.
Француските парламентарци во писмото наведоа дека бројката на луѓе убиени во израелските напади на Појасот Газа во наредните денови ќе ја надмине бројката од 33.000.
Парламентарците потсетија дека Меѓународниот суд на правдата (МСП) во јануари предупредил на постоењето опасност од геноцид во Газа и побарал од Израел да го спречи геноцидот.
„Додека израелската војска врши геноцид во Газа, опозициските пратеници бараат објаснување од вашата Влада за француското оружје кое ѝ е испорачано на израелската војска“, се наведува во писмото.
Бројката на убиени во израелските напади на Појасот Газа од 7 октомври се зголеми на 33.137, а бројката на повредени изнесува 75.815, објави Министерството за здравство во Газа.