Beyza Binnur Dönmez
16 Декември 2022•Ажурирај: 18 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска го поздрави договорот на Европската Унија за деветтиот пакет санкции против Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Пакетот санкции се фокусира на технологијата, финансиите и медиумите за да ја турнат руската економска и воена машина надвор од шините“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.
„Со пакетот санкции се санкционираат речиси 200 поединци и субјекти вклучени во напади врз цивили и киднапирање деца“, додаде таа.
Блокот се согласи за деветтиот круг санкции вчера, по неколку дена откако шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, објави дека „нема 100 отсто согласност“ меѓу министрите за надворешни работи на ЕУ, без да наведе детали за каков спор станува збор.
Новиот сет санкции вклучува ограничувања за инвестиции во рударството во Русија, како и забрана на извоз на стоки со двојна употреба.