Nur Asena Ertürk
16 Декември 2022•Ажурирај: 19 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Во пожар што избувна денес во југоисточна Франција загинаа 10 лица, меѓу кои пет деца, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Пожарот избувна рано утринава во предградието на Лион Волкс-ен-Велин во седумкатна станбена зграда“, се наведува во соопштението на департманот Рона.
Пожарот е изгаснат.
„Причината за пожарот останува непозната“, соопшти департманот и додаде: „Десет лица, меѓу кои пет деца, загинаа. Четири повредени лица се во критична состојба, а 10 други, меѓу кои двајца пожарникари, се полесно повредени.“
Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, го посети местото на инцидентот.
Дарманин рече дека петте деца кои загинале, биле на возраст од 3 до 15 години и дека пожарникарите досега спасиле 15 лица.
„Сè уште не се идентификувани сите жртви“, рече министерот и додаде дека е започната истрага за утврдување на причините за пожарот.
Тој истакна дека е рано да се носат заклучоци.