Emre Karaca
20 Јули 2022•Ажурирај: 21 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Во Хелсинки, главниот град на Финска, поддржувачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК протестираа против договорот што земјата го потпиша со Туркије (Турција), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Приврзаниците на терористичката организација се собраа пред финскиот Парламент и пред библиотеката „Ооди“, извикувајќи слогани против финскиот претседател Саули Нинисто и министерот за надворешни работи, Пека Хависто.
Поддржувачите на организацијата, со обележја што ја симболизираат ЈПГ/ПКК, извикуваа пароли како „Продадена Финска, не за НАТО“.
На Самитот на НАТО што се одржа во Мадрид, главниот град на Шпанија, беше потпишан трилатерален Меморандум меѓу Туркије, Шведска и Финска, поради аплицирањето на Шведска и Финска во НАТО.