Şeyma Uzundere
05 Јули 2021•Ажурирај: 06 Јули 2021
МАНИЛА
Бројот на луѓе што ги загубија своите животи како резултат на падот на воен авион при слетување во провинцијата Сулу на југот на Филипините се искачи на 50 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена во име на Армијата, генерал-мајор Едгард Аревало истакна дека 49 лица ја преживеале несреќата, додека 50 лица, од кои 47 воен персонал, го загубиле животот.
Исто така повредени се и четворица жители на селото каде што паднал воениот авион. Авионот ги пренесувал до работното место новите дипломци на воената школа.
Воениот авион од типот „C-130“, со вкупно 96 лица, од кои 3 пилоти, 5 члена на екипажот и 88 воени лица, се урна во селото Бангкал во градот Патикул при обид да слета на островот Џоло во провинцијата Сулу вчера во 10:30 часот по локално време.
Според очевидци, забележано е дека многу војници скокнале од авионот пред падот.