Adem Şalvarcıoğlu
02 Април 2018•Ажурирај: 03 Април 2018
АНКАРА (АА) - Филипинската полиција, во рамки на борбата против трговијата со наркотични средства, спроведе операции во кои се убиени 7-мина осомничени, а 811 лица се приведени, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на националната полиција, Дела Роса, информираше дека во операциите спроведени во периодот 28 март - 1 април, се убиени 7 осомничени, а 811 лица се приведени.
Роса информираше дека операциите се изведени во 4 различни делови од земјата, додавајќи дека поголемиот дел од приведените се од централното подрачје на Филипини.
Според полициските извештаи, во операциите што се спроведуваат во рамки на борбата против трговијата со наркотични средства, досега се убиени околу 5.000 лица.
Родриго Дутерте по преземањето на претседателската функција на 30 јуни 2016 година, изјави дека во својата работа предност ќе им даде на борбата против трговијата со наркотични средства и корупцијата. Дутерте во рамки на борбата против трговијата со наркотични средства, на припадниците на безбедносните сили им имаше издадено наредба „да пукаат“.
Дутерте е остро критикуван од филипинските и странските хуманитарни организации. Овие организации сметаат дека филипинската Влада спроведува „злосторство против човештвото“.