Ömer Koparan,Selen Temizer
02 Април 2018•Ажурирај: 03 Април 2018
АФРИН/АНКАРА (АА) - Турските воени авиони спроведоа воздушен напад врз припадници на терористичката организација ЈПГ/ПКК, кои за време на операцијата „Маслинова гранка“ се криеја во планинската област.
Новинарот на Anadolu Agency (AA) од Африн јавува дека Турските вооружени сили (ТСК) забележале група терористи на ЈПГ/ПКК во планинскиот предел во Раџу, на север од Африн.
Потоа, воените авиони на ТСК извршија акција врз нив.
ТСК и Слободната сириска армија (ФСА) на 18 март го ослободија Африн од терористите. Продолжуваат активностите за откривање на членовите на ЈПГ/ПKK скриени во планинските области.