Betül Yürük
11 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
ЊУЈОРК (АА) - Фејсбук соопшти дека ќе преземе нови мерки за да ги заштити младите од непотребни содржини, по критиките искажани во американскиот Сенат за платформите на социјални медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ник Клег, потпретседател за глобални прашања на Фејсбук, за телевизијата Си-ен-ен (CNN) истакна дека кога младите луѓе постојано гледаат содржини кои не се корисни, системот кој ќе биде воспоставен ќе се обиде да ги насочи кон различни содржини.
Нагласувајќи дека младите луѓе кои долго време поминуваат време на Инстаграм ќе бидат предупредени со зборовите „одмори се“, Клег рече дека тие се исто така отворени за идејата да им се дозволи на регулаторите пристап до алгоритмите на Фејсбук кои се користат за зајакнување на содржината.
- Фејсбук со ветување за транспарентност -
Клег наведувајќи дека Фејсбук отсега ќе биде потранспарентен рече дека ќе имплементира нови методи за да ја осигура безбедноста на своите корисници.
Фејсбук беше цел на критики откако поранешен вработен во американскиот Сенат сведочеше дека компанијата претпочита високи профити отколку јавната безбедност.