Enes Kaplan
18 Февруари 2017•Ажурирај: 19 Февруари 2017
ЕЛАЗИГ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во градот Елазиг порача дека Турција конечно добива систем на администрација за каког трагаше со години, а тоа е претседателскиот систем, јавува Anadolu Agency (AA).
„Како што заеднички уште од 1071. година ја градевме нашата татковина Турција, така најбрзо ќе дојдеме до целите поставени за 2023 година, а потоа, ако даде Господ, ќе ги реализираме и визиите за 2053. па и за 2071. година. Турција ќе оствари големи успеси. Поради тоа пред нас е голема можност. Таа можност се гледа во уставните промени кои ќе го донесат претседателскиот систем", рече Ердоган во обраќањето пред илјадници граѓани кои упатија позитивен одговор на неговото прашање за тоа дали се спремни за референдум на 16. април на кој граѓаните ќе се изјаснат за сетот на уставните промени одобрени во двата круга во парламентот.
Сетот на уставните промени донесува и промена на старосната граница за пратенички мандат во Големото народно собрание на Република Турција, а Ердоган порача и дека во пратеничките места сака да види млади на возраст од 18 до 25 години.
„Покрај тоа, и на министерските позиции сакам да ги видам младите помеѓу 18 и 25 години. Зошто да не? Денешните компании од светски ранг ги водат млади луѓе од 25, од 30 години. Младите се иднина, младите се надеж" ,рече Ердоган.