Dildar Baykan,Michael Gabriel Hernandez
06 Август 2020•Ажурирај: 07 Август 2020
ВАШИНГТОН
Социјалната мрежа Фејсбук го отстрани видеозаписот кој американскиот претседател Доналд Трамп го објави на својот официјален профил, а како причина на отстранувањето е наведено дека објавата содржела „лажни тврдења за Ковид-19“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трамп претходно во повеќе наврати имаше „напнати односи“ со социјалната мрежа Твитер, a овој пат поради објавена содржина на релација со Фејсбук.
А за тоа што било спорно во содржината на објавата на Трамп, за АА открија функционерите на Фејсбук.
„Видеото содржи лажни тврдења во контекст дека група луѓе станале имуни на Ковид-19. Тоа претставува кршење на нашите правила кои се однесуваат на спречувањето на ширење дезинформации за Ковид-19“, порачаа од Фејсбук.