Adam Abu-bashal
06 Август 2020•Ажурирај: 07 Август 2020
АБУЏА
Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент достигна речиси 1 милион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент откриени се уште 15.131 случај со Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 997.350.
Исто така, во последните 24 часа на африканскиот континент починале уште 536 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 21.679.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 на овој континент се регистрирани во Јужноафриканската Република (9.298 смртни случаи), по која следуваат Египет (4.930 смртни случаи) и Алжир (1.261 смртен случај).
Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Во Африка излекувани се вкупно 677.201 лица од овој вирус.