Alaattin Doğru
20 Мај 2019•Ажурирај: 22 Мај 2019
ДАКАР (АА) - Социјалната мрежа „Фејсбук“ соопшти дека затворила израелски профили кои биле насочени кон претседателските избори и политиката во некои земји од Африка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информацијата на порталот „Koaci.com“, Фејсбук ги затворил профилите на израелската „Archimedes Group“, која потрошила 800.000 долари за манипулирање на претседателските избори во некои африкански земји, како што се Сенегал, Нигерија, Того, Ангола, Нигер и Тунис. Идентификувани биле голем број профили кои манипулираат со политичките прашања на овие земји и објавуваат неосновани вести.
Фејсбук потрошил голем буџет и избришал лажни профили кои имаат 3 милиони следбеници и споделуваат лажни вести спротивни на принципите на Фејсбук.
Натаниел Глеичер, одговорен за безбедноста на Фејсбук, изјави дека избришаните израелски профили покрај во наведените африкански земји влијаеле и во земји од Латинска Америка и од Југоисточна Азија.
Глеичер истакна дека Фејсбук, во случај да ги детектира таквите профили, веднаш ги блокира и дека се против тоа нивните услуги да се користат за погрешно насочување на луѓето.
Тој, исто така, предложи дека би било посоодветно информациите што се споделуваат на Фејсбук да се проверат дали се веродостојни и точни во други дигитални средини и на пребарувачот „Гугл“.
Од друга страна, друга група, пред изборите во Израел, со лажните профили по социјалните медиуми ги дискредитираше противниците на премиерот Бенјамин Нетанјаху, за да ги зголеми неговите шанси за победа.