Hakan Çopur
21 Април 2017•Ажурирај: 22 Април 2017
ВАШИНГТОН (АА) - За да ги сочуваат своите врски со Конгресот на САД, припадниците на терористичката организација ФЕТО во септември минатата година основаа лобистичка куќа во Вашингтон под името „Washington Strategy Group Inc“, јавува Anadolu Agency (AA).
Според официјалните податоци на американскиот Конгрес, до кои дојде новинар на АА, ФЕТО на 1 септември 2016 година ја основаше лобистичката куќа „Washington Startegy Group Inc.“, во која дејствува едно од најважните имиња на ФЕТО во САД, поточно претседателот на Турско-американската среднозападна федерација (ТАФМ), Сулејман Турханогулари.
Освен тоа, како лобисти на оваа куќа дејствуваат и претседателот на Западниот американско-турски совет (WATC) Озкур Јилдиз, претседателот на Советот Туркуаз на Турците и Американците, Билал Ексили, претседателот на Југоисточната турско-американска федерација (TAFS), Џемил Тебер и други имиња.
Она што е интересно е дека сите наведени имиња кои дејствуваат за лобистичката куќа се членови на Турско-американската унија (TAA), односно покривната организација на фондациите и организациите на ФЕТО во САД.
Во забелешките на Конгресот на САД се наведува дека „Washington Strategy Group Inc“ на 30 јануари 2017 година станала и соработник во името на „турската опозиција“ за друга лобистичка куќа под името „The Estopinan Group LCC“.
Како област на дејствување на лобистичката куќа на ФЕТО, наведен е изразот „Цивилна турско-американска опозиција против кршењето на човековите права во Турција од страна на претседателот Реџеп Таип Ердоган“.
Не е наведена конкретна информација кој всушност ја претставува „турската опозиција" и колку лобистички куќи добиваат средства за дејствување на тој план. Но, во извештајот што компанијата го упати до Конгресот се наведува дека во текот на 2016 година потрошила 50.000 долари, и дека не оставарила добивка.