Bayram Altuğ
29 Април 2018•Ажурирај: 29 Април 2018
ЖЕНЕВА (АА) - Со 30.000 разнобојни лалиња донесени од Турција, украсен е Паркот на независноста во швајцаркиот град Морж, сместен во кантонот Во, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод фестивалот на лалето, од 2010 година, секоја пролет од Турција во швајцарскиот град Морж се испраќаат луковици на лале. И оваа година, 30.000 луковици на разнобојни лалиња се насадени во Паркот на независноста. Во паркот се садат 120.000 лалиња од 300 различни видови.

Мехмет Саит Ујаник, амбасадорот на Турција во Женева, за АА изјави „Како и секоја година, и оваа година, Градската општина Истанбул испрати 30.000 луковици на лалиња за потребите на фестивалот“.
Амбасадорот информираше дека фестивалот го отвориле претседателот на кантонот Во и градоначалникот на Морж, додавајќи дека како Амбасада, го дале својот придонес во организирањето активности на фестивалот.

Амбасадорот Ујаник додаде дека во рамките на фестивалот на лалето вчера започнале одредени турски активности, поточно на посетителите на фестивалот им била претставена традиционалната турска уметност ебру (уметност на сликање по површината на вода), биле презентирани и традиционални турски јадења, а во рамките на фестивалот ќе се одржи и музички концерт.
Фестивалот на лалето во швајцарскиот град Морж трае шест недели.