свет

Уште еден палестински притвореник почина во израелски затвор, бројот на жртви се искачи над 100

- Абделрахман ал-Сабатин (21), жител на градот Хусан во близина на Витлеем во јужниот дел на Западниот Брег, почина во Медицинскиот центар Шааре Зедек во западен Ерусалим,

Betül Yılmaz  | 10.12.2025 - Обновена : 11.12.2025
Уште еден палестински притвореник почина во израелски затвор, бројот на жртви се искачи над 100

РАМАЛА / ИСТАНБУЛ (АА) – Уште еден палестински притвореник го загуби животот во израелски притвор, соопштија денес групите за заштита на затворениците, јавува Анадолу.

Абделрахман ал-Сабатин (21), жител на градот Хусан во близина на Витлеем во јужниот дел на Западниот Брег, почина во Медицинскиот центар Шааре Зедек во западен Ерусалим, заеднички соопштија Палестинското здружение на затвореници и Палестинската комисија за прашања на притворените лица.

Не беа дадени детали за причината за неговата смрт.

Сабатин беше приведен од страна на израелските сили во јуни 2025 година.

Двете групи ги сметаат израелските затворски власти за целосно одговорни за смртта на Сабатин и ја повикаа меѓународната заедница да интервенира за да обезбеди заштита на затворениците.

Тие го обвинија Израел за зголемено кршење на човековите права на Палестинците во израелските затвори, во услови на извештаи што укажуваат на зголемен број смртни случаи поради суровите услови на притвор, вклучително и лишување од медицински третман и малтретирање.

Според палестинските бројки, повеќе од 100 палестински притвореници починале во израелски притвор од октомври 2023 година, додека десетици затвореници од Газа сè водат како принудно исчезнати.

Палестинските власти проценуваат дека повеќе од 9.300 Палестинци се наоѓаат во израелските затвори, вклучувајќи повеќе од 50 жени и околу 350 деца, покрај оние што се чуваат во израелските воени логори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.