Две нови жртви во израелските напади врз Газа, вкупно 70.369 од октомври 2023
- По стапувањето на сила прекинот на огнот, убиени се 379 Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа
ИСТАНБУЛ
Две нови жртви во нападите на израелската Армија во Појасот Газа во последните 24 часа, со што бројката на убиени Палестинци од октомври 2023 година се зголеми на 70.369, известува Анадолу.
Министерството за здравство во Газа во писмено соопштение ги сподели најновите податоци за жртвите, повредените и новоизвлечените тела од урнатините.
Во последните 24 часа, телата на 3 Палестинци, од кои еден бил извлечен од урнатините, и 5 повредени лица биле пренесени во болниците.
Откако стапи во сила прекинот на огнот, во Појасот Газа се убиени 379 Палестинци, 992 се повредени, а 627 тела се извлечени од урнатините.
Бројот на убиени Палестинци во нападите на Израел врз Појасот Газа, што започнаа во октомври 2023 година, се зголеми на 70.369, додека бројката на повредени изнесува 171.069.
- Договор за прекин на огнот и размена на заробеници во Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на 9 октомври објави дека Израел и Хамас ја одобриле првата фаза од планот за прекин на огнот во Газа за време на тековните преговори во Египет.
Договорот потпишан во Египет, каде што се одржаа преговорите, стапи на сила на 10 октомври со одобрение од израелската Влада.
И покрај постигнатиот прекин на огнот во Појасот Газа, израелската Армија, повремено, под најразлични изговори продолжува да извршува напади врз Палестинците.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
