Ekipa
15 Ноември 2023•Ажурирај: 16 Ноември 2023
КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска денес соопшти дека уште двајца војници загинале во Појасот Газа, со што бројот на загинати од 27 октомври во блокираната енклава се искачил на 49, пренесува Анадолу.
Во соопштението на војската се наведува дека уште четворица војници се тешко повредени во борбите на палестинските територии.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Според најновите податоци на палестинските власти, загинати се најмалку 11.320 Палестинци, меѓу кои околу 7.800 жени и деца, а над 29.200 се повредени.
Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, се оштетени или уништени во израелската офанзива.
Бројот на загинати во Израел, според официјалните податоци, изнесува 1.200.