Ali Cura
28 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
МОСКВА (АА) - Јуриј Ушаков, советникот на Кремљ за надворешна политика, изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, на самитот на лидерите Г-20 ќе разговара со саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман за убиството на новинарот Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со сигурност ќе разговараме за тоа“, изјави Ушаков запрашан дали рускиот претседател и саудискиот принц на самитот во Аргентина ќе разговараат за новинарот убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, на почетокот од октомври 2018 година.
Путин и престолонаследникот Салман ќе разговараат и за други актуелни прашања, меѓу кои се ситуацијата во Јемен и Сирија и работата на Уставната комисија за Сирија.