свет

Урнатините на Идлиб „му дадоа здив“ на Џорџ Флојд

Уметникот, цртач на графити Есмер на ѕидот од една оштетена куќа во сириски Бинниш го нацрта ликот на Џорџ Флојд кој во градот Минеаполис почина од задушување откако полицискиот службеник со колено го притиснал по вратот.

Eşref Musa, Mehmet Burak Karacaoğlu, Ahmad Wais  | 02.06.2020 - Обновена : 04.06.2020
Урнатините на Идлиб „му дадоа здив“ на Џорџ Флојд

ИДЛИБ

Ешреф МУСА / Бурак КАРАЏАОГЛУ


Афроамериканецот Џорџ Флојд кој почина од давење при полициска интервенција во САД, нацртан е на еден од ѕидовите на урнатите куќи во Идлиб, пишува Агенција Анадолија (АА).

Азиз Есмер, 36-годишен уметник, цртач на графити кој живее во местото Бинниш во обласата Идлиб, својот углед го стекна цртајќи на ѕидовите од куќите урнати во борбардирањата изведени од страна на силите на Асад тематики кои се на дневната агенда во Сирија и светот.

Есмер овојпат на ѕидот од една оштетена куќа во Бинниш го нацрта ликот на Џорџ Флојд кој во градот Минеаполис во американската Сојузна држава Минесота почина од задушување откако полицискиот службеник со колено го притиснал по вратот.

На графитот кој е снимен со дрон, покрај крикот на Џорџ Флојд „Не можам да дишам“ се наоѓа и изјавата „НЕ за расизмот“.

Уметникот Есмер во разговорот со новинарот на АА го осуди расизмот над Афроамериканците кој е во подем во САД и посочи дека графитот го нацртал како знак на солидарност со настанот.

Посакувајќи да им се стави крај на извршените масакри и прогони во светот Есмер истакна: „Разочарани сме од меѓународната јавност која веќе 10 години молчи наспроти убиствата што се извршуваат над Сиријците, но како дел од нашата хуманитарна должност и како заштитници на мирот и љубовта, ги поддржуваме хуманитарните проблеми во светот.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın