Rania R.a. Abushamala
10 Мај 2024•Ажурирај: 11 Мај 2024
ГАЗА (АА) - Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за палестински бегалци (УНРВА) денес соопшти дека околу 110.000 луѓе го напуштиле Рафа заради безбедност, јавува Анадолу.
„Како што бомбардирањето на израелските сили се интензивираше во Рафа, принудното раселување продолжи. Никаде не е безбедно во Појасот Газа и условите за живот се страшни. Единствена надеж е итен прекин на огнот“, соопшти УНРВА на платформата X.
Израелската армија во вторникот ја презеде контролата врз палестинската страна на граничниот премин Рафа на границата со Египет, витален пат за хуманитарната помош за Газа.
Овој потег следуваше еден ден откако армијата нареди евакуација на Палестинците источно од Рафа, потег што нашироко се смета за увертира за израелскиот копнен напад врз градот, во кој живеат околу 1,5 милион раселени Палестинци.