Daniel Gallego
07 Август 2017•Ажурирај: 08 Август 2017
МАРИБ (АА) - Поради судирите кои сѐ уште продолжуваат во Јемен, од почетокот на 2017 година животот го загубиле 201 дете, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставничката на Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) во Јемен, Меритксел Релано, во објава на социјалните мрежи, истакна дека во судирите кои продолжуваат од почетокот на 2017 година убиени се 201 дете, од кои 152 момчиња и 49 девојчиња, додека 347 деца останале инвалиди, од кои 234 момчиња и 113 девојчиња.
Потсетувајќи дека 377 деца се мобилизирани, Релано пренесе дека во нападот извршен на 4 август во градот Сада животот го загубиле шест деца, од кои 2 момци и 4 девојчиња.
Координаторот за хуманитарна помош на ОН во Јемен, Џејми МекГолдрик, во писменото сооштение објавено на 6 август, соопшти дека 12 цивили го загубиле својот живот во воздушните напади врз гадот Сада, додека 10 цивили се повредени.
Хусите кои извршија државен удар врз легитимната власт во Јемен, од септември 2014 година досега под контрола го држат главниот град Сана. Од март 2015 година, коалициските сили, предводени од Саудиска Арабија, ѝ даваат поддршка на владата на Јемен во борбата против Хусите.