Gamze Türkoğlu Oğuz
07 Август 2017•Ажурирај: 08 Август 2017
АНКАРА (АА) - Заменик-претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Пенс, ги негираше тврдењата дека планира да биде кандидат за претседател на изборите во 2020 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во написот обавен во „New York Times“ (Њујорк Тајмс), базирајќи се на различни извори, се тврди дека некои републиканци кои претпоставуваат дека претседателот на САД, Доналд Трамп не ќе може да се кандидира во наредните избори, водат кампања во сенка.
Исто така, во овој напис се тврди дека Пенс формира независна гласачка група, и дека посакува да учествува на претседателските избори во 2020 година во случај Трамп да не се кандидира на истите.
Заменик претседателот на САД, Пенс ги негираше овие тврдења, и рече: „Оваа вест е иницијатива да се создаде поделба во администрацијата на Трамп. Тврдењата во овој напис се апсолутно лажни“.
Пенс нагласи дека ваквите лажни вести нема да ги попречат да се фокусираат кон унапредување на агендата на Трамп, како и кон тоа Трамп повторно да се избира во 2020 година. „Било каква препорака освен тоа би била смешна и апсурдна“, додаде тој.
„Апсолутно точно е дека заменик-претседателот Пенс е подготвен за 2020, но повторно да биде избран за заменик-претседател“, истакна во една телевизиска програма на ABC една од советниците на Белата Куќа, Келиен Конвеј.
Портпаролот на New York Times го брани нивниот напис и додаде: „Сигурни сме во точноста на нашата вест“.