Ayşe Aktaş
07 Август 2017•Ажурирај: 08 Август 2017
СЕУЛ (АА) - Во Јужна Кореја се бара затворска казна од 12 години за потпретседателот и наследникот на технолошкиот гигант Самсунг, Ли Џае-јонг, јавува Anadolu Agency (AA).
Специјалниот јавен обвинител, Парк Јонг Со, на судскиот процес кој се одвива во Сеул, во врска со скандалот за корупција и политичко влијание кој предизвика одземање на надлежностите на поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун-хје, истакна дека претставниците на Самсунг дале лажни изјави за да го заштитат Ли.
Јавниот обвинител потсети дека Ли се товари за давање мито од 38 милиони долари на фондациите поврзани со Чои Сон-сил, близок пријател на поранешната претседателка Парк. Тој додаде дека давањето мито на претседателот на државата од страна на Самсунг претставува еден типичен пример за блиските и корумпирани односи меѓу владата на Јужна Кореја и големите компании.
Во овие рамки јавниот обвинител побара да му биде изречена затворска казна од 12 години за корупција и за други извршени кривични дела.
Исто така, јавните обвинители во судот побараа да им бидат изречени затворски казни и на четири поранешни менаџери на Самсунг за слични кривични дела.
Ли на 17 февруари беше притворен за давање мито од 38 милиони долари на фондациите поврзани со Чои Сон-сил, близок пријател на поранешната претседателка Парк.
Откако претседателот на технолошкиот гигант Самсунг, Ли Кун-хе, доживеа срцев удар во 2014 година, неговиот единствен син и потпретседател на компанијата, Ли Џае-јонг, во септември влезе во управниот одбор на оваа компанија. Се тврди дека Ли дал мито бидејќи компанијата без проблеми билa префрлена на него.