Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
02 Март 2022•Ажурирај: 03 Март 2022
УКРАИНА (АА) ‒ Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска ја повика меѓународната заедница да не останува неутрална и ја обвини Русија дека има за цел да ја избрише историјата на неговата земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во видеопорака на седмиот ден од војната, Зеленски потврди дека украинските сили убиле „речиси 6.000 Руси“, истакнувајќи дека Москва не може да победи со бомби и ракети.
Укажувајќи на вчерашниот напад на телевизиската кула во близина на Меморијалот на холокаустот на Бабин Јар во украинскиот главен град Киев, Зеленски го повика еврејскиот народ низ светот да не молчи.
Тој, исто така, повика за поддршка за кандидатура на Украина за членство во ЕУ.
Набргу по изјавите на Зеленски, Министерството за одбрана на Украина извести дека од почетокот на нападите минатиот четврток, загинале најмалку 5.840 руски војници.
Министерството соопшти дека 30 авиони, 31 хеликоптер, 211 тенка, 862 оклопни возила кои ѝ припаѓаат на Русија се уништени.
Додаде, исто така, дека 40 ракетни фрлачи на руската војска, како и 355 возила, 60 возила со гориво, 9 системи за противвоздушна одбрана и 3 дрона, исто така се уништени.
Откако Русија започна војна со Украина, беше пресретната со осуда од меѓународната заедница, а ЕУ, Велика Британија, Канада, Јапонија и САД воведоа низа економски санкции на Москва.
Според бројките на ОН, најмалку 136 цивили, меѓу кои 13 деца, загинаа, а 400 други, меѓу кои 26 деца, се повредени во Украина.
„Околу 680.000 луѓе пребегаа во соседните земји на Украина“, соопшти во вчера меѓународната организација.